Референци

Најдобрите референци што го докажуваат квалитетот на нашите производи од изолациони материјали се самите објекти. Голем број на станбени и комерцијални објекти се изолирани со минерална волна и екструдиран полистирен (XPS) на URSA и тоа и кај новоградби и при реконструкција.

Сортирање на референци

Покажи се`
Подреди според вид на зграда

Подреди според видот на проектот

Подреди според типот на апликацијата

Земја

Изграден во 1873 година хотелот Кемпински во Виена е обновен во 2012 година а URSA достави изолација URSA Glasswool како решение за внатрешните ѕидови. 

Хотел Ренесанс Фира Барселона, познат пред тоа како хотел Каталониа Плаза Еуропа, се наоѓа во облакодер во Ел оспиталет де Љобрегат во Каталонија, Шпанија.

При изолацијата на таванот на историскиот имот во градот Шкојдиц, Германија архитектите и занаетчиите користеле URSA CLICK.

Чудесната зграда е новата централа на Микрософт во Германија. Амбициозната архитектура на проектот импресионира не помалку од пристаништето во Келн.

Во Рот, Германија URSA достави PureOne 180 mm за надворешна изолација на ѕидовите. Архитектите го избрале производот PureOne, бидејќи е со одличен квалитет како топлотна и звучна изолација.

Со силен акцент на енергетската ефикасност и искористеноста на ресурсите, фирмата Ida AG во градот Фурт изгради нова канцелариска зграда. Обвивката на зградата е во согласност со стандардите за пасивна куќа направена од дрво.

Самостојната повеќе катна зграда била изградена во 1905 година и модернизирана во текот на 2010 година. Целата зграда и фасадата се заштитени споменици на културата.

Две нови сали за машини и снежни плугови биле изградени на аеродромот Лајпциг / Хале за да го обезбедат чистењето на снегот и отстранувањето на мразот во зима.

Во парковската населба во Лајпциг "Музикфијртел" некогаш живеело познатото семејство на издавачи Реклам. Денес, новата куќа за повеќе семејства, импресионира во овој историски кварт - изолирана е cо PureOne.

Во оваа референца беше потребна високо ефикасна изолација на резервоарот за да се зголеми искористеноста на отпадот.

Куќата се наоѓа во Дорнбрн и е претворена во пасивна куќа.

За раскошниот стадион, кој е изграден за UEFA EURO 2012, URSA достави свои производи како решение за таванот.

Пиксел Бизнис парк ќе се состои од пет згради. Изградбата на првата зграда е завршена во 2012 година.

Инвестицијата се наоѓа наспроти една од најголемите и најубавите шуми во околината на Михаловице во Залесје.

Хотел Мирјад од Сана беше првично изграден како симбол на ЕКСПО 1998 во Лисабон а потоа намената му се менува од облакодер во хотел. 

За акустичката изолација на 14 000 квадратни метри на оваа импресивна зграда во Москва URSA обезбеди PureOne, бела, високо ефективна и огноотпорна стаклена волна, која го подобрува квалитетот на воздухот во зградите во коишто е ставена.

Првиот мултифункционален комплекс во главниот град на јужниот федерален округ Ростов на Дон.

Првата руска и најголемата во Европа затворено ски патека. Вкупната површина на закритата патека е 24 000 квадратни метри.

Доколку се погледне на сликата ви се чини дека се шетаат низ Барселона, иако сте застанале пред хотел Барселона во Улјановск. 

Хотелот се одликува не само со можностите за вежбање, туку и со својата фантастична акустика, којашто е реализирана со URSA DF 40 и URSA TWP 1.

Уан Фешн Аутлет во Водеради ги отвори своите врати во пролетта 2013 година. URSA обезбеди изолација за внатрешните ѕидови и за таваните.

Хотелот Сљезкиј Дом е највисокиот хотел во Словачка и поради техничките барања има потреба од добра топлинска изолација. URSA со своите производи е обезбеди решенија за надворешните и внатрешните ѕидови.

Целосна санација на надворешни ѕидови, покрив, прозорци, врати, подови и делумно греење.

Целосна санација на надворешни ѕидови, покрив, прозорци, врати, подови и делумно на системот за греење.

Сентро Поливаленте де Барсело,  во Мадрид е деловен центар, којшто вклучува и библиотека

Оваа станбена зграда во Барселона е проектиранa од познатиот шпански архитект Хоакин Торес. За топлотна и звучна изолација на двослојните фасади со воздушна перница, и таваните URSA достави URSA TERRA Vento Plus.

Центарот ГЕНјО беше изграден во 2008 година, а вредноста на проектот изнесува повеќе од 15 милиони €. Во него се сместени фармацевтската компанија Физер, Универзитетот на Гранада и Министерството за здравство и иновации.

Стадион Сан Мамес e стадионот на фудбалскиот клуб Атлетико, од Билбао. 

Во семејната куќа од дрвена конструкција во Чешка, изолирана со URSA PureOne, е постигната одлична термичка излоација.

СЕИТЕК - Централноевропскиот институт за технологија е научен центар во областа на биолошките науки. Новата управа на СЕИТЕК е изолирана со URSA TWP 1 и TWF 1.

Ибис Хотел Груп, којашто има свој синџир во целиот свет и којашто е во сопственост на Accor hotels донела одлука за изолација на внатрешните ѕидови на новиот хотел во Оломоуц со изолациските решенија на URSA. 

Во Техничкиот универзитет во Либерец студираат повеќе од 9000 студенти. Во новиот комплекс URSA ги испорача производите TWP 1 за внатрешна изолација на ѕидовите.

Импресивната Семејна куќа за повеќе семејства во главниот град на Чешка - Прага достигнува висок акустичен комфор со внатрешна изолација на ѕидовите со производите што ги нуди URSA.

Проектот, под името Лаурус Офисис, се состои од три згради, од кои секоја има 7 + 2 нивоа, вклучувајќи подземен паркинг, со над 240 паркинг места и е опкружен со паркинзи на отворено.

URSA беше одбрана за да најде решение за изолирање на големи сали поради акустички причини.