Национален стадион во Варшава

Галерија

Фасадата во сребрена и црвена на зградата на полскиот национален стадион потсетува на развеано бело-црвено знаме, како и седиштата во внатрешноста на стадионот. Бојадисаната фасада од мрежа од нерѓосувачки челик увезена од Шпанија, го дели внатрешниот дел на зградата над нивото на теренот којшто е изработен од стакло и алуминиум. Стадионот е со отворена структура, што значи дека, независно од затворениот покрив температурата на воздухот во внатрешноста на стадионот е речиси еднаква со надворешната температура, бидејќи објектот нема постојана фасада cо затворено куќиште. Перфорираната фасада овозможува природна вентилација на просторот под трибините и обезбедува дневна светлина.