Ладен катен таван

Голем дел од топлината во зима се губи преку горната кровна плоча во неадаптираниот тавански простор. Топлиот воздух се качува нагоре, па затоа преземените мерки за топлинска изолација најголемо влијание имаат во горниот дел каде што е ладно. Лесно може да се направи подобрување на состојбата, со тоа што ќе се постават слоеви на топлинска изолација.

Ладен катен таван

Мерките за изолација во горниот дел од објектот имаат најголемо влијание. Во најголемиот дел од случаите може да се избегне инсталација на парна брана. Само ако во делот под кровната плоча има простор со голема влажност, се препорачува да се монтира парна брана кон кровната плоча за да се пречи ширење на влагата во таванската конструкција.

 

Кровната плоча често ги одвојува греените простории од оние што не се греат и поради таа причина претставува важна компонента во смисла на топлинска изолација што штеди енергија. Овие површини лесно се изолираат, па од заштедата на енергија инвестицијата брзо се амортизира. Изолационите материјали на URSA ги исполнуваат високите барања за топлинска и звучна изолација на кровни плочи.

Обработка

Подготовка: Градежно-физички пресметки

Пред почетокот на работите потребно е да се направи процена на кровната плоча во однос на својствата на изолацијата, непропустливоста на воздух и пропустливоста на водена пареа.

При изолација на поткровна конструкција од дрвени греди и поставување на горна облога, што е паронепропусна и проодна, неопходно е да се предвиди и парна кочница!

 

Совет

Уверете се дека има добра вентилација на поткровјето

 

1. Поставување на парна кочница (кај проодни и непроодни кровни плочи)

Поставете ја парната кочница без набори и залепете ги преклопувањата со универзална леплива лента. Спојувањето на парната кочница на рабовите и испакнатите компоненти (на пр. оџак) исто така треба да биде изведено непропустливо на воздух.

 

2. Поставете ја изолацијата (кај проодни и непроодни кровни плочи)

Конструктивните греди поставете ги на подот и по потреба прицврстете ги или укрутете ги.

 

Совет

(кај проодни и непроодни кровни плочи) Растојанието помеѓу гредите се утврдува во согласност со видот на хоризонталните греди и подоцнежното оптоварување. Вградете го самоносивиот филц помеѓу гредите без формирање фуги. Висина на хоризонталните греди = дебелина на материјалот за изолација.

 

3. Поставување горна облога (кај проодни кровни плочи)

По поставувањето на изолацијата се поставува горната облога (иверица или сл.) на долната конструкција, почитувајќи ги инструкциите за монтажа на производителот. По потреба горната површина може завршно да се обработи.